Категории

Сите ваши проблеми еден ден ќе исчезнат – И ќе се чудите зошто сте им давале толку големо значење

Сите ваши стравови ќе ве одминат штом најмалку го очекувате тоа. Сè од што побегнавте и се криевте. Но, ќе помине и тоа што сте го сакале. Сјајот на сите ваши победи и трофеи ќе исчезне и повеќе нема да го има она на што сте биле најмногу горди. Но, и траумите од вашите порази ќе поминат и повеќе нема да се сеќавате на ударите, загубите или падовите. Ниту луѓето кои ве доведоа до победата, ниту луѓето кои ве турнаа низ бездната на поразот. Ќе помине вредноста на сето она што сте го собрале, акумулирале, изградиле, создале, придонеле.

Сите ваши проблеми ќе поминат еден ден. И ќе се чудите како можевте да им дадете толку големо значење. И зошто вашите грижи изгледаа како никогаш да нема да исчезнат. Но поминаа. И ќе ви биде малку жал. Затоа што многу работи можевте да подредите поинаку. Повеќе уживајте во тие мали убави моменти, а помалку плашете се од нешто што беше само закана во вашата глава. Сè ќе помине еднаш. И зад вас ќе остане само една трага. Гледајте дека тоа е трага од живот кој вреди да се живее.

Прегледи:
461
Објавено на:
16.11.2021