Категории

Ситуации во кои е најдобро да го гризнете јазикот и да премолчите

Се сеќавате ли на онаа изрека која вели: „Подобро е да се каеш за тоа што не си го рекол, отколку за тоа што си го рекол“? Вистина е дека поголемиот дел од ситуациите е подобро да премолчите и да не прокоментирате некоја ситуација. Постојат дури 7 такви ситуации, а еве кои се тие:

1.Кога луѓето оговараат
Луѓето сакаат да оговараат, но тоа не води кон ништо добро. Следниот пат кога ќе се најдете во ваква ситуација, само поќутете.

2.На прашања за вашиот приватен живот
„Каков е твојот партнер спрема тебе?“, е прашање кое смее да ви го постави само пријател или друг многу близок, но детален одговор може да покрене лавина од проблеми. Затоа, избегнувајте да зборувате за личниот живот со луѓе кои не ги познавате добро, или одговарајте кратко и мистериозно.

3.По очигледна грешка
Откажете се да прокоментирате кога некој ќе згреши, да сте на место на таа личност, сигурно ни вам не би ви било сеедно. На крајот можете да изгледате арогантно спрема таа особа, треба да знаете кога е вистинско време да замолчите.

4.Кога сте добро упатени во проблемите
Своето искуство и знаење покажете им го на другите кога е абсолутно неохпходно. Околу проблемите на работа никогаш не зборувајте со семејството за време на ручекот, освен ако не се работи за вонредна ситуација.

5.Кога знаете тајна која може да ви даде предност
Ако се наоѓате во ситуација во која знаете нешто што би можело да ви донесе пари или подобра положба на работа, а притоа да не штети на никого – подобро замолчете. Тоа ќе биде прилично тешко, „на туѓата несреќа, среќа не се гради!“

6.Кога не разбирате за што се зборува
Порано или подоцна сите се наоѓаме себеси во друштво кога темите на разговор тргнуваат во правец за кој не знаеме. И покрај фактот дека тоа би можело да ја загрози вашата гордост, подобро е да премолчите отколку да се изрезилите.

7.Во текот на расправија
Молчете, слушајте, чекајте! Во ситуациите кога ќе дојде до расправија, луѓето имаат склоност да кажуваат некои нешта за кои подоцна жалат. Ако сте вознемирени или повредени, само молчете!

Прегледи:
637
Објавено на:
23.09.2019