Категории

Ситуации во кои јадете, но храна не ви е потребна

Честопати ни се случува да чувствуваме глад, во моменти кога не сме гладни. Тоа е само маска на вистинската состојба, која нема никаква врска со гладта.

Најголемо влијание за тоа кога консумираме непотребна храна има нашата психа. Многу од нас кога сме под стрес, ни е досадно или кога се чувствуваме осамени, чувствуваат глад.

Првата ситуација е емоционалната глад, која се јавува кога најчесто сте под стрес, кога ви е досадно, кога сте осамени или, пак, чувствуваре некаков страв. Во овие ситуации, утеха луѓето ја бараат во храната. Наместо да јадете, подобро јавете им се на пријателите, излезете да прошетате, пуштете ја омилената музика, или, пак, погледнете некој добар филм.

Вториот вид на глад кој се јавува кај луѓето е гладта заради лошата исхрана. Колку повеќе јадете благо, толку повеќе организмот ќе има „потреба“ од него. Гладта настанува поради внесот на висококалорична храна со слаба нутритивна вредностЗатоа, погрижете се вашиот оброк д ја содржи потребната количина на хранливи материи.

Веројатно и самите повеќепати сте слушнале дека жедта може да се манифестира како лажна глад. Затоа, наместо брз меѓуоброк, напијте се чаша вода и прошетајте.

Последниот тип на глад кој се јавува е резултат на недостаток од сон.Недостатокот на сон привидно ве прави гладни. Предизвикува пораст на хормонот грелин, кој го стимулира апетитот, двојно зголемувајќи ја желбата за храна. За да го решите овој проблем, најубаво е да спиете доволно.