Категории

Скратен полициски час за овој викенд

„На тековната седница на Влада донесовме одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд. Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.

Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот“, напиша Спасовски на својата официјална фејсбук страница.