Категории

Скриената порака на „Раката на пустината“ – Фасцинаниот споменик издигнат среде пустината во Чиле

Навидум бесконечните црвено-портокалови рамнини на пустината Атакама, во северниот дел на Чиле, потсетуваат на слики од Марс. Она што придонесува за нереалноста на овие простори е необичниот споменик, за кој многумина не се сигурни дали навистина постои „Мано дел Дезиерто“ (рака на пустината).

Нереалните предели на најсушната пустина на светот, Атакама, зафаќаат површина од над 100.000 квадратни километри, пресечена од мрежата на автопат на Панама од 30.600 километри, што ги поврзува Северна и Јужна Америка. Ноќе, кога небото се претвора во чудесен ѕвезден калеидоскоп, Атакама е најинтересна за љубителите на ѕвезденото гледање.

„Мано дел Дезиерто“ се наоѓа среде пустина и се чини како човек давејќи во жив песок очајно посегнува во надеж дека некој ќе го спаси во последен момент. Палецот и четирите прста што извираат од земјата нагло ја разбиваат монотонијата на пустината затоа што овој споменик е висок 11 метри, а најблискиот град Антофагаста е оддалечен 74 километри од раката на пустината.

Изградбата на споменикот, што беше направена од бетон и железо од чилеанскиот скулптор Марио Ираразабал во 1992 година, беше финансирана од локалната организација „Корпорејшн про Антофагаста“.
Уметникот Ираразабал е познат по своите дела кои се поврзани со човечко страдање, така што оваа голема скулптура го рефлектира и чувството на осаменост на ова изолирано место.

И покрај апелите до туристите да се воздржат од сквернавење на споменикот, локалното население се собира двапати годишно за да го исчисти од невкусни графити. Иако оваа пустинска рака е осамена во пустината, таа сепак има свој пар: десната е во Уругвај, а беше создадена десет години порано во Пунта дел Есте, на брегот на Атлантикот.

Прегледи:
647
Објавено на:
27.02.2021