Категории

Слабејте брзо и здраво: Колку вода дневно би требало да пиете за време на диета

Се разбира дека во текот на еден ден треба да се пие најмалку два литри вода, но доколку сакате вашата диета да биде успешна можеби ќе треба да ја промените оваа бројка. Еве колку вода на вашето тело му е потребно во еден ден за да може да ослабнете…

Секоја диета и начин на слабеење подразбира и внесување во организмот на доволна количина на вода, а според општите пресметки препорачлива доза во на вода во текот на еден ден е два литра, односно осум чаши вода. Но, доколку сакате да ги зголемите своите шанси за слабеење и успехот на диетата и со самото тоа од водата да го извлечете максимумот, во предвид мора да ја земете и својата телесна тежина, односно килограмите и според таа бројка да одредите колку точно вода мора да испиете.

Еве колку вода дневно му е потребно на вашето тело за да имате успех во слабеењето, во однос на вашата телесна тежина:

60 килограми – 2 литри вода (5 -6 порции вода од 3. децилитри)

65 килограми – 2,1 литри вода (околу 6 порции вода од 3.5 децилитри)

70 килограми – 2,3 литри вода (околу 6 порции вода од 3.5 децилитри)

75 килограми – 2,5 литри вода (околу 7 порции вода од 3.5 децилитри)

80 килограми – 2,6 литри вода (околу 7 порции вода од 3.5 децилитри)

85 килограми – 2,8 литри вода (околу 8 порции вода од 3.5 децилитри)

90 килограми – 3 литри вода (околу 8 порции вода од 3.5 децилитри)

95 килограми – 3,2 литри вода (околу 9 порции вода од 3.5 децилитри)

100 килограми – 3,3 литри вода (околу 9 порции вода од 3.5 децилитри)

105 килограми – 3,4 литри вода (околу 9 порции вода од 3.5 децилитри)

110 килограми – 3,6 литри вода (околу 9 порции вода од 3.5 децилитри)

115 и повеќе килограми – 3,7 литри вода (10-11 порции вода од 3.5 децилитри)

Совети како во текот на денот да внесете доволно вода и така да го задоволите важното правило на секоја диета:

Пред секој оброк испијте две чаши вода од 2,5 децилитри. Ако јадете три пати дневно, само на овој начин ќе внесете 1,5 литри вода.
Наутро штом се разбудите и навечер пред спиење испијте две големи чаши вода и на тој начин ќе внесете околу еден литар вода.

Дополнителни совети:

Доколку поради водата која ја пиете пред спиење се будите во текот на ноќта за да идете во тоалет, таа чаша вода може да ја испиете наутро. За уште подобар ефект во водата може да додадете лимон, краставици, лубеница или некој друг додаток.

Прегледи:
1319
Објавено на:
18.08.2016