Категории

Славни русокоси ги открија најлудите места на кои имале секс

Во филмот “Suicide Squad”, кој во кината ќе се појави на почетокот на август, се појавуваат и две познати русокоси девојки. Австралиската актерка Маргот Роби, која се прослави со филмот “Wolf od Wall Street”, ќе ја глуми Харли Квин, а славната млада манекенка Кара Деливингне, ќе ја глуми Енчантрес.

Овие две девојки неодамна снимија моден едиторијал за списанието “Love”, за кое одговорија и на “тешките” прашања.

Јавноста најмногу ја интересираше одговорот на прашањето: “Кое е најчудното место на кое сте имале секс?”

Кара одговори дека обожава да има секс во авион, но , никогаш до сега, тоа не успеала да го изведе без да го привлече вниманието на стујардесите.

“Често имам секс во авион. Но, многу е тешко да го направиш тоа во тајност” – објасни Кара.

Згодната Маргот призна дека имала секс на чудно место, за кое е потребна добра рамнотежа и флексибилност. Таа кажа дека нејзиното “најлудо” место на кое имала секс е џет-ски на вода, кое било изгаснато.

Можеби нивните признанија ќе им дадат идеја на сценаристите за некоја возбудлива сцена, со убава русокоса девојка во главната улога.

Прегледи:
378
Објавено на:
28.07.2016