Категории

Славни тинејџери се новите лица во кампањата на Dolce&Gabbana

Познатото италијанско дуо Dolce&Gabbana објави нова серија шарена визуелизација за новата колекција наменета за сеоната пролет/лето 2017, во која угости бројни познати лица, поголемиот дел припадници на новата популарна Instagram генерација.
Во својот препознатлив стил, италијанската модна куќа за новата кампања го ангажира фотографот Franc Paggeti пред чиј објектив застанаа актерката и пеачка Zendaya, францускиот модел Thylane Blondeau и ѕвездата на друштвените мрежи Sonia Ben Ammar. Фотографиите се снимени на божествениот остров Капри во Италија, а на веселата и живописна идила им се придружија и Cameron Dallas, Brandon Thomas Lee, Presley Gerber, Luka Sabbat i Rafferty Law. Типичните италијански мотиви препознатливи за брендот повторно играат главна улога во кампањата па во новата визуелизација на кампањата повторно доминира шаренилото и страствениот темперамент на Медитеранот.

Прегледи:
226
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
06.01.2017