Категории

Следете ги овие чекори и бидете фатална жена на која никој не може да и одолее!

Бидете една од оние жени која ги освојува сите на прв поглед. Да се биде фатална жена не значи да бидете убава, туку да имате посебна енергија со која зрачите и привлекувате.

1. Делете комплименти

Знаете и сами колку убаво се чувствувате кога ќе добиете комплимент. Така и другите се чувствуваат убаво и самоуверено кога ќе им дадете комплимент. Можете некому да му го разубавите денот, а тоа не ве чини ништо.

2. Мислете и на другите

Доколку секогаш сте подготвени да помогнете некому, веднаш и другите ќе ви помогнат вам. И на мажите им е потребна некоја жена која ќе ги разгалува, иако важат за посилен пол.

3. Носете црвена боја

Црвената боја убаво прилега на сите и е боја која означува моќ и победа. Пронајдете ја својата нијанса на црвено и ќе бидете неодолива за сите. Општо е познато дека и мажите сакаат црвена боја.

4. Гледајте го во очи додека се смеете

Кога сакате некому да дадете до знаење дека ви е драг и интересен, треба да го гледате во очи. Кога ќе сфати дека се чувствувате убаво во негово друштво, веднаш ќе му бидете подрага.

6. Поработете на движењето

Дел од целокупниот надворешен изглед е движењето, што значи дека секоја дама треба да има убаво движење на телото. Движете се лесно, елегантно и држете го телото во исправен став.