Категории

Смешни, но вистинити факти за најразлични работи кои не сте ги знаеле

  1. Во Швајцарија е нелегално да имаш само едно морско прасе. Морските прасиња се социјални животни, па во Швајцарија се смета за насилство врз животно ако ги чувате сами.
  2. Птеронофобија е страв од скокоткање со пердув. Зошто и како постои овој страв, не ни е јасно, но ете, постои и за него има специјализирано име.
  3. Черофобија е страв од смеење и забава. Кога сме кај чудните фобии, што мислите за оваа? Верувале или не, и тоа постои.
  4. Змиите можат да предвидат земјотреси. Змиите можат да предвидат земјотрес со епицентар од околу 120 км нивна оддалеченост, дури 5 дена пред да се случи!
  5. 7% од америчкото население верува дека чоколадното млеко доаѓа од кафени крави. Тоа се 16.4 милиони возрасни луѓе!
  6. Ако на кенгур му го дигнете опашот, не ќе може да скока. Кенгурот ја користи својата опашка за рамнотежа при скокање, така што ако му ја подигнете, ќе нема рамнотежа и ќе падне.
  7. Бананите се завиткани бидејќи растат кон сонцето. Бананите поминуваат низ процес наречен „обратен геотропизам“, каде наместо кон земјата, плодовите растат кон сонцето. Бидејќи одат обратно од земјината гравитација, тие се закривуваат на својот „пат кон сонцето“.
  8. Човекот кој го измислил фризбито бил кремиран по смртта и направен во фризби. Валтер Фредрик Морисон го измислил Фризбито во 1948, што на почеток се викало Плутон Чинија. Морисон починал на 90 годишна возраст во 2010, и неговото семејство го кремирале и му ја претвориле пепелта во фризби.
  9. Тенисерите не смејат да пцујат кога играат на Вимблтон. Судиите мора да научат пцовки на многу јазици, за да знаат кога некој тенисер ќе прекрши правило.
  10. Во последните неколку години, повеќе луѓе умреле од ПРАВЕЊЕ СЕЛФИЊА отколку што умреле од напад од ајкули! Точно така! Само 6 луѓе годишно во просек умираат од напад од ајкула, додека трагично многу луѓе – просечно 35 годишно – умираат при сликање селфи! Најголемиот број од смртностите поради селфи се имаат случено од луѓе кои се сликале преблиску до движечки возови; поради тоа што луѓе се давеле во водни тела, обидувајќи се да се сликаат на брана; и поради тоа што се сликале во близина на опасни животни!
Прегледи:
839
Категории:
Занимливости
Објавено на:
06.08.2020