Категории

Смешни семејни слики какви што сите имаме по старите домашни албуми

Фотографиите, особено семејните фотографии, не се гледаат во моментот – на нив се навраќаме во иднината, и ни користат да се потсетиме на други времиња.

Сликите се за креирање спомени, документирање на растот и откривање на карактерот.

Awkward Family Photos е онлајн платформа каде што луѓе ставаат смешни и чудни фотографии од нивните семејства, со цел да се нагласи дека сите ние си имаме чудни моменти.

Неодамна, Awkward Family Photos ја лансираше Cringeworthy, смешна игра за возрасни, полна со неверојатно чудни и необични ситуации. Мајк Бендер, еден од главните лица зад Awkward Family Photos, отсекогаш имал поврзаност со комедијата и со чудните ситуации.

-Како дете, многу сакав да набљудувам чудни ситуации. Не сакав да се случат, но кога ќе се случеа, имав што да раскажувам на луѓето. Мислам дека ме донесе до тоа да станам писател, откако завршив факултет. Првиот филм го напишав на 22 години, кој се викаше Not Another Teen Movie (Ова не е уште еден тинејџерски филм) и продолжив да работам со сценографија околу 13 години.  – вика Мајк.

Кога му здодеало да работи со филмови, Мајк почнал да бара прилики онлајн, и видел дека тука има потенцијал за креативно изразување. Во 2009, пошол во куќата на родителите и видел како мајка му врамува една сосема чудна фотографија од неговите тинејџерски години.

-Сметав дека тоа е многу необична идеа – да се меморира баш тој чуден момент. Но, исто така сметав и дека е интересно. Тоа ми ја даде идејата за страницата. Се сретнав со мојот партнер во пишување и пријател од детството, Даг Чернак, и тој ми кажа дека и домот на неговите родители е полн со такви фотографии. Така, решивме да направиме веб страница каде што секој ќе може да става чудни семејни слики. Страната тргна, и е позитивно место каде што сите се смееме и се чувствуваме, едноставно, човечки. – продолжува Мајк.

Она што е интересно е тоа што сликите се стари, фотографирани со аналогни фотоапарати, и тоа им дава особена убавина, шмек и доза на носталгија. Барајте и низ вашите фотоалбуми и сигурно ќе најдете нешто вакво, па можеби ќе се инспирирате да го поставите на страницата.

Еве ги нашите најинтересни слики од страницата:

„Мојата прабаба фотографирана во 80-те“
Awkward-Funny-Family-Photos

„Во 2002 за матура се сликав со мојот папагал, Џеф. 10 години подоцна ја фатив оваа слика, каде што мојот пријател рефлектира врз нашата долга историја“.
Awkward-Funny-Family-Photos

„Ќерка ми изгледа како мајка која жали за своите животни одлуки“
Awkward-Funny-Family-Photos

„Оваа фотографија од прабаба ми и нејзините пријателки, изгледа како фотографот да упаднал во таен собир на баби“
Awkward-Funny-Family-Photos

„Баба ми заспа и дојде плимата“
Awkward-Funny-Family-Photos

„Баба ми сакала фотографија од масата за Денот на Благодарноста. Не им текнало да погледнат во огледалото.“
Awkward-Funny-Family-Photos

„Прабаба ми, родена во 1899. Не сум ја запознал, но се гледа дека била легенда“
Awkward-Funny-Family-Photos

„Реакцијата на братучедите кога едниот од нив паднал од стол, на сред фотосесија“
Awkward-Funny-Family-Photos

„Фотографија кај бабата на другарка ми. Си ставила фотографија од Леонадро Ди Каприо врз лицето на нејзиниот покоен, и не многу добар, сопруг. Фотошоп за лица над 80 години“
Awkward-Funny-Family-Photos

„Врвот на мојот фраерлук бил во 1987.“
Awkward-Funny-Family-Photos

„Мајка ми и татко ми во 80-те“
Awkward-Funny-Family-Photos

„Сум си го пронашла омиленото животно на многу млада возраст“
Awkward-Funny-Family-Photos

„Јас (бебе) и татко ми во 1977 година. Денес за ова би лежел во затвор“
Awkward-Funny-Family-Photos

„Една година, мајка ми мене и на брат ми ни соши облека со истиот материјал со кој што соши прекривки за каучот“

Awkward-Funny-Family-Photos

„Татко ми, професор по математика во доцните 70-ти“
Awkward-Funny-Family-Photos