Категории

Сникерс торта без печење (РЕЦЕПТ)

Едноставна торта инспирирана од најпопуларните колачи дефинитивно спаѓа во нашата листа на нашите омилени десерти.

Во верзијата што не се пече, има уште поголема предност. Десертите што можат да бидат подготвени без користење на рерната вкусни се како и печените – но ќе ги приготвите за многу пократко време. Повеќето од нив не бараат исклучителни вештини во кулинарството, така што ризикот од нешто да не испадне како што треба е дефинитивно помал отколку во случајот со традиционалните печени рецепти.

Ако сакате домашни колачи, но не сакате да поминете долги часови во кујната – ќе го обожавате овој рецепт!

 

Состојки за тесто:

  • 5 чаши млеко
  • карамела во конзерва
  • 1,5 темно чоколадо
  • 1 чаша брашно од пченка
  • екстракт од ванила
  • 1 чаша шеќер во прав
  • малку сол
  • 2 кутии бисквити

 

Прелив:

  • 4 сникерс чоколади
  • 1/2 конзерва готова карамела
  • 1 чаша млечно чоколадо
  • 6 лажици фондан

Начин на подготовка:

 

  1. Сварете четири чаши млеко. Остатокот од млекото измешајте го со екстрактот од ванила, шеќерот, брашното и малку сол. Полека истурете ја смесата во зовриено млеко и варете некое време, постојано мешајќи.
  2. Кога масата ќе згусне, поделете ја на два дела. Во едниот дел додадете го темното чоколадо и измешајте. Другиот дел измешајте го со карамелата.
  3. Подгответе го првиот фил – варете го додека не добиете густа конзистентност.
  4. Подгответе го вториот фил: загрејте ја млечната чоколада со фонданот.
  5. Подгответе го тестотои ставете го во калаппредходно обложен со фолија. Ставете ги бисквитите на дното и премачкајте ги со чоколадната смеса. Ставете уште еден слој бисквити, а потоа премачкајте со другиот фил. Наредете ги слоевите, премачкувајќи ги со наизменични филови. Кога ќе го ставите последниот слој, прелијте го со чоколадо, а потоа со чоколадна глазура.
  6. Ставете го калапот во ладилник преку ноќ. Во утринските часови тортата ќе биде подготвена за консумирање.
Прегледи:
775
Објавено на:
18.01.2020