Категории

Со помош на овие совети, веднаш ќе ја затоплите просторијата!

Токму ова е она што ни треба во најстудените зимски денови! Доколку имате проблем со затоплувањето на куќата во која живеете, ви претставуваме најлесни начини за затоплување и одржување на топлината.

Трик со алуминиумска фолија

За да го избегнете губењето на температурата од радијаторите кои се прицврстени за надворешните ѕидови, ставете алуминиумска фолија на задниот дел од радијаторот. Алуминиумската фолија ја задржува топлината и ја спречува да се соедини со студените надворешни ѕидови, па го пренасочува топлиот воздух кон центарот на просторијата. За овој трик доволна ви е само алуминиумска фолија од кујната.

Пуштете ја утринската светлина да влезе во домот

Наутро отворете ги завесите и пуштете во својот дом да влезе целата утринска топлина и светлина, која ќе остане „заробена“ во прозорите.

Вложете во топли теписи

Освен што додаваат гламур во вашиот дом, теписите можат да го спречат собирањето на студен воздух во просторијата. Ако немате добра подна изолација, дури 10% од топлиот воздух може да го впијат студените подови. Теписите делуваат како голем изолатор, а благодарение на нив и стапалата остануваат топли.

Просториите кои не ги користите

Ходниците и спалните соби кои не ги користите не треба да ги греете. Во тие простории исклучете го греењето и затворете врата за да го спречите непотребниот губиток на топлина.

Прегледи:
435
Објавено на:
08.01.2019