Категории

Собра милиони и исчезна: Што се случува со творецот на хитот „Gangnam Style”?

Во годините по издавањето на хитот „Gangnam Style”, пејачот Псај, чие вистинско име е Парк Џае, продолжи да продуцира музика, да помага во развојот на туризам во Јужна Кореја и да се бори со зависности.

Откако во 2012 година дотогаш релативно непознатиот Псај ја објави песната „Gangnam Style”, светот повеќе не е ист. Целиот свет го обзеде треската на заразниот ритам и сите пред компјутерите ги учеа необичните движења на Корејскиот пејач. Токму тогаш Псај, чие вистинско име е Парк Џае, го доживеа врвот на својата кариера – неговиот „Gangnam Style” стана најгледаното видео во историјата.

По големиот успех на „Gangnam Style”, Јужна Кореја беше ставена во центарот на вниманието благодарение токму на Псај и во 2013 година тој стана амбасадор на туризмот заменувајќи го дотогашниот амбасадор Кени Џи. Псај го одбил големиот надомест и за таа работа прифатил минимална исплата.

„Gangnam Style” му заработи на Псај многу признанија. До денес спотот е прегледан повеќе од 2.6 милијарди пати и се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди. Набрзо по оваа песна, го објави и новиот сингл „Gentleman“. Тоа видео исто така влезе во Гинисовата книга на рекорди со 38 милиони прегледи за само 24 часа. Така, Псај стана дел од историјата на поп културата и со причина го носи прекарот „Јутјуб сензација“.

Но, со големата слава, доаѓа и голем товар под кој Псај потклекнал и во 2013 година за магазинот Sunday Times признал дека е зависен од алкохол. Неговиот став за алкохолот се покажа шокантен.

„Ако сум среќен, пијам, ако сум тажен пијам“, признал Псај. „Ако врне дожд, пијам, ако грее сонце, пак пијам“. Не чувствувал потреба за алкохол единствено само кога бил толку мамурен, што едноставно не можел да пие повеќе. Останува нејасно дали некогаш побарал професионална помош за лекување на својата зависност.

Во декември 2015 година, Псај го објави својот долгоочекуван седми студиски албум. Но, свесен дека речиси е невозможно да го достигне својот претходен рекорд, Псај чувствувал притисок и паднал во депресија.

„Не сум Адел“, рекол за Entertainment Weekly. „По „Gangnam Style” бев многу среќен и таа песна е моето најголемо животно остварување, но понекогаш се прашувам како можам да се вратам на самиот врв и да го урнам тој рекорд“.

Прегледи:
505
Објавено на:
20.09.2016