Софиа Вергара и Џо Манганиело присуствуваа на свечената премиера на најновиот филм од франшизата “Војна на ѕвездите”.
Славната актерка изгледаше отмено во темно сина креација од Roland Mouret која на шармантен начин ја истакна нејзината фигура. Сопругот на актерката избра елегантен сив смокинг.
Вечерта беше збогатена и со присуството на ѕвездите од филмот како и бројни гости од светот на шоу бизнисот. Лупита Нијонг шармираше во смарагдно зелен фустан со шлиц, а Били Лурд – ќерката на покојната Кери Фишер позната по улогата на принцезата Леја, избра светкава сребрена тоалета. Погледнете ги и останатите изгледи од црвениот тепих..