Категории

Сокријте ги сликите кои ги имате во телефонот – Нова опција на Google Photos

Новата функција откако беше достапна само на Google Pixel уредите, отсега е достапна и на останатите.

Во текот на јуни оваа година, Google ја претстави функцијата „Locked Folder“ во склоп на Google Photos апликацијата за Pixel уредите. Оваа карактеристика сега пристигнува и на уредите кои не се од Pixel линијата.

Locked Folder е безбеден и заклучен фолдер во склоп на уредите. Тука корисниците можат да ги складираат своите фотографии и видео клипови, а оваа содржина нема да биде префрлена во Google Photos.

Корисниците во овој фолдер можат да ја видат само содржината која ја складирале, а не е дозволено делење на содржината, креирање screenshots или снимање на екранот за било која содржина (освен ако се премести од Locked Folder).

На новата функција може да и се пристапи со отворање на Google Photos апликацијата и со избирање на „Library“ табот. Потоа, потребно е да се избере „Utilities“ и на крај „Locked Folder“.

Можно е оваа опција да не биде достапна за сите корисници на Андроид телефони, кои не се Pixel уреди. Се очекува оваа функција да стане достапна по ажурирањето за Google Play Services Framework.

Прегледи:
432
Објавено на:
06.12.2021