Категории

Солена невеста: Го нурнала фустанот во морето – две години подоцна, се случи вистинско чудо (фото)

Израелската уметничка Сигалит Ландау во рамките а својот проект „Солена невеста“ нурнала црн фустан во Мртво море и чекала на неа да се создадат толку кристали од солта за да стане сосема бела.

Нејзината идеја била црниот фустан, кој е симбол на жалост, го претвори во венчаница која претставува среќа и радост.

Моделот на фустанот е инспириран од драмата „Дибук“ (“Dybuk”) од 1916 година. Темата на ова дело е проколнатата љубов на една жена од племето на Језиди која ја опседнал духот на починатиот љубовник.

-Изгледа како да е прекриена со шеќер. Малку е морничава, ме потсетува на прегратка на смртта“, кажала оваа уметничка откако нејзината „Солена невеста“ беше изложена во лондонската галерија Марлбороу.

Прегледи:
357
Објавено на:
26.08.2016