Категории

Солвео со младите визионери до подобро Скопје!

Концептот на Smart Cities е еден од трендовите на иднината кој претставува спој на продукти и информации од различни области на секојдневниот живот поврзани преку технологијата и пренасочување на нивната намена.

Токму поради неговата застапеност во развиените земји претставува предизвик да се поттикне креативноста кај нашата младина и да се одговори на тој предизвик со соодветни решенија за градот Скопје.

Со цел да го придвижиме и градот Скопје во таа насока, Солвео заедно со М3ДС во склоп на iNovum, организираат тридневен креативен маратон нaсловен “Smart Cities: Rethinking how the city works and lives” каде повеќе од 100 учесници од различни области ќе работат во мултидисциплинарни тимови со цел да пронајдат иновативно и креативно решение каде примената на современата технологија ќе го подобри начинот на кој функционира и живее градот Скопје.

Креативниот маратон ќе започне со конференција на која истакнати професионалци – претприемачи од македонската бизнис сфера како Хајан Селмани – HASELT, Глигор Дачевски – DOXTEAM, Ира Стефанов Бабиќ – BRANDUNION, Митко Цабевски – U:PLUG, Mихајло Димитриевски – illustrator, кои ќе го споделат своето искуство и знаење од областа на информатичките науки, дигиталниот маркетинг, развој на софтверски решенија и 3D и Game Design.

По завршување на конференцијата ќе започне креативниот маратон каде учесниците поделени во мултидисциплинарни тимови ќе ги подготвуваат своите предлог решенија на предизвикот. Целокупниот настан ќе се оддржува во просториите на Младински културен центар (МКЦ), каде што тимовите ќе бидат менторирани од експерти кои несебично ќе ја дадат својата поддршка.

Во текот на Rethink маратонот учесниците ќе можат да се запознаат со експерти од различни области како и со амбициозни и талентирани млади луѓе кои се стремат да направат промена во нашето општество. За повеќе информации за настанот може да добиете тука. На крајот ќе бидат презентирани изработените решенија пред комисија која ќе ги одреди победниците за кои ќе следуваат вредни награди.

Rethink креативниот маратон е наменет за сите млади и амбициозни студенти кои имаат интерес кон технологија или пак сакаат да ги збогатат своите вештини и знаења од современи технолошки области како и познавања од бизнис сферата. Сите кои сакаат да научат повеќе за технологијата и да стекнат практични вештини можат да се пријават тука.

Креативниот маратон Rethink e oрганизиран од Солвео и М3ДС. Солвео е првата агенција за иновации во Maкедонија. Визијата на Солвео е да ги оставри најамбициозните цели на своите клиенти и преку својот уникатен процес им помага да создаваат и тестираат нови бизнис концепти. Тимот на Солвео ја пренесува својата енергичност и ентузијазам на своите клиенти и секако на младите студенти со кои соработува. Тие соработуваат со повеќе страни истовремено, клиентот со својот тим, тимовите составени од студентите, мрежата од експерти и секако тимот на Солвео, каде резултатот е win-win-win ситуација за сите засегнати страни.

M3ДС е академија за 3D моделирање и гејм дизајн основана во 2015 год. од Стефан Митров. Во рок од една година М3ДС се здоби со авторизиран сертификат од Autodesk Training Center каде ја оствари својата цел да стане едно од најуспешните студија на малиот пазар во Maкедонија со над 100 успешни реализирани проекти. Сега М3ДС е авторизиран Autodesk Training Center и е една од најбрзо растечките академии за 3Д во Македонија. После секоја успешно завршено задача, презентација на финалниот проект, како и на целото портфолио секој студент добива интернационален сертификат од Autodesk Training Center кој значително им го збогатува нивното портфолио.

Прегледи:
512
Објавено на:
11.04.2018