Категории

СОЛЗИТЕ НА АНА ИВАНОВИЌ НА НЕЈЗИНАТА СВАДБА: КОГА ГО СЛУШНАЛА ОВА, ВЕДНАШ СЕ РАСПЛАКАЛА…

Додека Швајнштајгер танцувал на хитовите на омилената пејачка Ријана, Ана дефинитивно изненадила со својот музички вкус.

Тенисерката Ана Ивановиќ на својата свадба буквално леела солзи на песната “Видовдан”, пишува српски Курир. Иако изјавила дека на венчавката со Бастијан Швајнштајгер не сака народна музика, тенисерката направила искслучок – побарала да ѝ ја отпеат српската патриотска песна.

За музиката била задолжена хрватската пејачка Нина Бадриќ, но младенците после половина час ја отстранила од бината, а коментарот на изворот на српски Курир е дека Нина помалку и ги изморила гостите бидејќи повеќе зборувала отколку што пеела и притоа изведувала главно тажни песни, после што Ана и Бастијан одлучиле бендот да го преземе репертоарот.

– Иако се венчаше во Италија и иако помеѓу гостите имаше најмногу странци, таа нарача две омилени српски песни и заплака веднаш штом засвиреа “Видовдан” на Гордана Лазаревиќ, а веднаш потоа го побара и хитот “Црнe косe”, на Ханка Палдум, додава изворот.

Потоа одлучила дека повеќе нема да слуша тажни песни на денот на венчавката, а на таа нејзина одлука влијаел и германскиот фудбалер којшто кога видел дека неговата драга плаче, ги замолил музичарите да свират нешто повесело.

Инаку, Ана и Швајнштајгер на венчавката повикале околу 150 гости и добиле на подарок околу 300.000 евра, додека за свадбата издвоиле околу милион евра.

ana-ivanovik-bastijan-muzika-svadba-02

Прегледи:
382
Објавено на:
20.07.2016