Категории

Сон на секоја девојка: Ова неверојатно запросување ќе ве одведе во светот на бајките

Ако сакате да се венчате со љубител на Дизни филмовите, ќе мора да испланирате запросување какво што заслужува секоја принцеза. Токму тоа и го направи Куран Вонг кога го постави судбоносното прашање на неговата принцеза Шари Хаким во Дизниленд, Калифорнија.

Минатата година Куран и неговиот пријател Тим Гетис планирале Дизни запросување инспирирано од омилените филмови на Шари „Аладин“ и „Горе“ (Up). Сакале да организираат нешто креативно и интересно без да направат голема сцена поради која би можеле да бидат избркани од паркот.

„Кога била мала, Шари одела во Дизниленд секоја година. Знам колку многу ѝ значи и таа магија најде начин да допре и до мене“, изјавил Куран.

Планот бил следниот: Тим, кој е основач на Јутјуб каналот Kinda Funny се преправал дека снима рап спот во забавниот парк. Шари отишла за да му помогне. Кога застанала пред замокот на Заспаната убавица, Тим ѝ го дал неговиот телефон и ѝ кажал да слуша и да гледа видео. Кога Шари ги ставила слушалките и го видела Куран облечен како Аладин на екранот, брзо сфатила дека се работи за некакво изненадување.

„На 17-ти октомври 2008 година те замолив да ме фатиш за рака и да ми веруваш на слепо. Во наредните неколку минути ќе те замолам да го направиш истото. Ќе ни бидат потребни неколку балони за да нѐ однесат таму каде што треба да одиме. Благодарение на храброста и силата на моите пријатели добив верба дека можам да полетам и да однесам во друг свет“, вели Куран во видеото.

Во тој момент се појавиле пријателите и семејствата на парот, сите облечени во маички со балони, што било иснпирирано од сцена во филмот „Up“. Куран потоа ѝ кажал на Шари да ги извади слушалките и да се сврти. Кога се свртела, го видела него.

„Пред 8 години ја протрив волшебната ламба и те прашав дали сакаш да ми бидеш девојка. Но, за време на тие 8 години ние станавме многу повеќе. Ти си мојата најголема поддршка, мојата девојка, мојата подобра половина, мојата прекрасна принцеза Јасмин. И знам дека благодарение на твоето постоење во мојот свет, животот постојано ќе биде исполнет со нови авантури“, рекол Куран, клекнал на колена и ѝ дал прекрасен прстен.

Дизни претставува голем дел од љубовната врска на овој пар. Во 2008 Куран ја прашал Шари дали сака да му биде девојка на тој начин што прикажал сцени инспирирани од „Аладин“ во кои го имало духот од волшебната ламба (него го глумел пријателот Тим), преработка на песната од цртаниот филм „Whole New World“, па дури и возење на волшебен тепих. Овој дечко навистина дава сѐ од себе!

Куран изјавил дека му требало многу време за да го испланира целото запросување и да ги собере сите пријатели и членови на семејствата, но сфатил дека целиот труд се исплател веднаш штом ги здогледал солзите радосници.

„Додека ѝ се приближуваа нашите пријатели и роднини гледав како таа сѐ повеќе и повеќе го губи здивот. Не можам да бидам позадоволен од резултатите. Оттогаш секој ден е како да се будам од сон и потоа сфаќам дека сето тоа е всушност реалност. Таа плаче од радост секоја вечер“, објаснува Куран.

Погледнете како се одвивало целото магично запросување во следново видео…

Прегледи:
474
Објавено на:
23.10.2016