Категории

Сонови кои кажуваат дека вашата потсвест ви порачува нешто важно

Со причина се верува дека некои соништа кои ги сонуваме имаат директно влијание врз реалноста и укажуваат на проблеми кои не мачат во реалниот живот.

За таквите соништа и пораки најчесто не сме ни свесни, но баш поради тоа некои од овие типични соништа не би требало да ги игнорираме.

1.Кутии
Прикривање, тајни и разочарување

Доколку сонувате кутии, вашата потсвест се обидува да ве предупреди на некакво сокривање. Може да биде страв дека некој се обидува да сокрие нешто важно од вас или можеби криете тајни од некој друг. Овој сон може да значи и да се спремите да откриете некоја тајна.

2.Паѓање
Недостаток на контрола, опасност и тегоби

Многу вообичаен сон кој секој човек го сонува. Може да ве предупредува на нешто од вашиот живот што излегува од контрола. Можеби се плашите од неуспех или некои непромислени постапки кои сте ги направиле, стигнуваат да си „наплатат“ за тоа.

3.Мачки
Женственост, духовност и моќ

Мачките во соништата се поврзани со вашата женственост. Тие можи да значат дека треба да поработите на вашата самодоверба.

4.Мравки
Поддршка, напорна работа и раздразливост

Сонот за мравки или некои други инсекти може да значи нешто од вашето секојдневие кое ве мачи или ви смета. Тој сон ви предскажува дека треба да се соочите со некои проблеми наместо да дозволувате да се насобираат.
Мравките исто така може да го означуваат вашиот напорен труд и работа и нивните резултати кои пристигнуваат.

5.Коса
Сексуалност, статус и слобода

Сонувањето на коса може да значи дека имате проблеми со прифаќање на сопствената сексуалност. Косата може да симболизира и желба за поврзување со други личности, може да биде партнер или пријатели.
Косата може да значи и желба за слобода. Треба да се ослободите од некои нешта кои ви ја попречуваат.