Категории

Сообраќајната култура во една слика: Во Скопје е тешко да си #НаТочак и пешак

Пешаците и точаците сеуште се соочуваат со бројни проблеми заради некултурата на учесниците во сообраќајот.


НаТочак повторно пишува за хаотичната состојба во градот: „Моментално вело патека на бул. Партизански одреди, дел од Рута 2 во рамки на проектот Скопје Велоград 2017. Автомобилот безгрижно паркиран под сенка. Град Скопје Официјален профил сакаме да ве потсетиме дека концептот Скопје Велоград НЕ подразбира само асфалтирање површина, тој е далеку поширок и опфаќа меѓудругото и гарантирање безбедност на учесниците во сообраќајот. НЕ може Рута 2 ноншалантно да се штиклира во реализирани проекти ако не е обезбедена функционалност и безбедност на патеките.“

Неформалната група ги повикува надлежните да го обезбедат загарантираното право на движење на граѓаните, преку регулирање на сообраќајот и обезбедување на безбедноста на велосипедистите и пешаците.

Прегледи:
541
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
22.08.2017