Актерот Силвестер Сталоне реши да одмори и да си замине со својата фамилија на летување во Франција.
Освен тоа што во актерската кариера му оди сè како подмачкано, не крие дека има многу убав однос со своето семејство со кое одлучи да ги помине летните денови на јахтата и ужива во сјајот на Азурниот брег.
Да се потсетиме, од 1997 година Сталоне е во брак со поранешниот модел Џенифер Флавин. Таа покрај своите години, може да се пофали со извонредна фигура.
Тие двајца имаат три деца, Софија, Систин и Скарлет. Сите се вистински убавици.