Одличната соработка на модниот бренд Victoria’s Sеcrеt и козметичкиот бренд Max Factor резултира со маскара каква досега не сме виделе. Новата маскара изгледа навистина необично и тоа уште повеќе не предизвикува да не можеме да и одолееме. Секоја година легендарниот бренд за долна облека остварува соработка со некој од познатите козметички брендови, а оваа година Max Factor ќе се погрижи трепките на ангелите за време на шоуто кое ќе се одржи во Париз да бидат долги неодоливи.
Целокупниот мејкап изглед за таа вечер засега е тајна, но знаеме дека трепките на ангелите ќе бидат долги и волуменозни благодарение на новиот продукт на брендот чиј амбасадор е младиот модел Стела Максвел.