Категории

Совети од дизајнерите: Како да изберете венчаница според обликот на телото

Откако невестата ќе го избере стилот на венчаницата, доаѓа тешкиот дел – избор на модел кој ќе ги истакне предностите, а ќе ги прикрие недостатоците. Дизајнерите советуваат која е најдобрата венчаница за одреден тип на тело.

1. Тип на градба: Песочен часовник или „8“ – тесен струк, поголеми гради и колкови

Идеални се моделите кои ја следат линијата на телото. Акцентот треба да се стави на струкот, бидејќи кај оваа градба на тело тој е секогаш во фокусот, а важно е да се спомене дека жените со оваа градба имаат најголем избор. Венчаница со тесен крој или пак „сирена“ модел кој се проширува од колениците надолу е совршен за овј тип на тело.

 

2. Тип на градба: „А“ – тесни раменици, мали гради, широки колкови, голем задник и бутови

Горниот дел треба да биде побогато украсен, а долниот едноставен и лесно да паѓа, за да се воспостави рамнотежа на силуетата. Меки „А“ кроеви на здолништето или пак лесен долен дел кој со благиот пад ќе го разубави овој тип на градба. Одговара и модел со отворени раменици за да прошират визуелно и ќе се добие перцептивна рамнотежа со колковите. Но, треба да се избегнуваат V изразите бидејќи тие визуелно ги намалуваат рамениците.

3. Тип на телесна градба: „H“ облик – широк струк и раменици

Фокусот мора да се насочи преку дијагонали, кои визуелно ја стимулираат буквата „X“, за фокусот да се префрли на нозете, а фигурата ќе добие динамика и склад. Воедно треба да се избегнуваат фустаните кои ја следат линијата на телото и насочете се кон „А“ моделите и отворите на деколтето, па преку деталите струкот ќе изгледа потесен. Треба да се внимава на горниот дел, не смее да биде премногу украсен бидејќи рамениците и струкот ќе изгледаат уште поголеми.

4. Тип на градба: V облик или корнет – рамениците се пошироки од колковите

Доколку невестата е слаба, венчаница со набори на долниот дел ќе придонесе за дополнителна, атрактивна пополнетост во колковите. Треба да се избегнуваат 3Д деталите на горниот дел од телото, но затоа на најтесниот дел од струкот – по желба може да се додадат детали, цветчиња и слични елементи. Исто така, на овој тип на тело убаво одговараат нијансите во долниот дел од венчаницата поради привлекувањето на погледот кон тој дел. Овој тип на градба има тенки нозе, па се препорачува и миди должина, како би се истакнале сите адути.

 

Прегледи:
696
Објавено на:
17.05.2018