Категории

Совети за како да ја заштитите косата од оштетување и дехидрација после сончев ден на плажа

Летото е посебен период кога морате да водите грижа за вашата коса.

Сонцето, хлорот, солената вода, она на што највеќе му се восхитувате во текот на летото може да ја оштети вашата коса. Летните фактори влијаат на здравјето и квалитетот на косата, оставајќи ја сува, избледена и мрсна.

Дури и клима-уредите можат да го направат истото. Па, затоа ние ви откриваме неколку совети и трикови како да ја заштитите вашата коса од сите летни предизвици, со цел да го минимизирате нејзиното оштетување.

Ако веќе имате благо пукнати краеви од косата, решете се од нив пред летувањето, за да не се влошат додатно. Затоа пред патувањето, скратете ги краевите на косата, за да го започнете одморот со здрава коса.

Изберете шешир кој одлично Ви стои и носете го секој ден за време на летувањето. Шеширот ја штити косата од горење, воедно ја зачувува бојата на косата и нејзиното здравје.

Освен тоа, не постои ништо погламурозно од голем шешир, очила за сонце и нов костим за капење, посебно ако мистериозно пиете коктел покрај базен.

Честото изложување на косата на разни хемикалии од базенот, како и од морската вода можат трајно да ја оштетат вашата коса. Пред да скокнете во базенот или во морето, Ви препорачуваме да ја измиете косата со слатка или флаширана вода и темелно да нанесете leave-in кондиционер со УВ филтер. Косата ќе го апсорбира кондиционерот наместо сол или вода, а истовремено ќе ве штити од УВ зрачење.

Прегледи:
503
Објавено на:
20.07.2019