Категории

Совети за одржување на белите патики – бели

Едноставни трикови за одржување и чистење на белите патики. И не – не можете само да ги фрлите во машина за перење.

Одржување
Секоја боја поради интензивното изложување на сонце може малку да се промени, а можеби сте забележани дека вашите патики започнале да примаат жолти тонови. За жал, се работи за неповратен процес и штетата повеќе не може да се поправи (освен ако не ги однесете кај професионален чевлар), па затоа чувајте ги  во кутија во вашиот плакар далеку од штетното сонце и вештачка светлина.

Чистење
Техниката на чистење задолжително треба да се прилагоди на материјалот. Ви донесуваме рецепт за две варијатни, односно за кожни и платнени патики, како и додатни упатства за бели ѓонови.

Добра вест е тоа што веројатно имате се што ви е потребно за чистење на валкани платнени патики. Процедурата е едноставна, на влажна крпа или стара четка за заби ставете малку обичен сапун и лесно втријте со кружни движења. За тврдокорните дамки користете смеса од малку вода и сода бикарбона или детерѓент во прав и оставете да делува неколку минути. Со влажна крпа исперете ја дамката, а процесот повторувајте го се додека не бидете задоволни од резултатот.

За кожни патики ќе ви биде потребно млеко за чистење кожа, а ако немате при рака, можете да се послужите со шампон за коса и избелувач растворени еден со друг. Тријте ја дамката со четка за заби додека не исчезне. Најделотворен е рецептот редовно да ги мачкате кожните чевли со производи за нега.

За белите ѓонови направете густа смеса од еднаква количина на вода и сода бикарбона. Со четка за заби правете кружни движења и внимателно тријте ги ѓоновите и на крајот избришете со мокра крпа.