Категории

Совети за правилно нанесување на мат кармин

Дали можете да издвоите барем една работа која е лоша кај мат усните? Тие се впечатливи, но не претерано, даваат елегантна нота на целиот изглед и не изгледаат премногу формално. Идеални се за вечерни излегувања, но и за секојдневно носење и не постои дама која барем еднаш не ставила ваков кармин.

Единствената маана на овој кармин е тоа што поголемиот дел од нив ги исушуваат усните и на крајот на дено можат да изгледаат грдо и неуредно. Меѓитоа тоа може да се реши со многу едноставни чекори кои вкличуваат припрема на усните за нанесување на ваков тип на кармин.
Во продолжение прочитајте кои се тие..

Пилинг на усните
Со цел да го спречите исушувањето на усните, но и да ја отстраните сувата и испукана кожа, потребно е да направите благ пилинг. Инвестирајте во производ кој е збогатен со шеа путер и витамин Е кој е обавезен и навистина влијае врз кожата на усните. Овој чекор е прв и клучен за долготрајноста и убавиот изглед на мат усните.

Хидратација
Кожата на усните има три слоја на кожа (додека кожата на лицето има околу 15), поради што не произведува природни масла – себум – кој ја хидрира и штити. Затоа усните се посклони на УВ оштетување. Затоа е битно редовно да ги хидрирате со посебни маски и балзами за усни кои дополнително ќе ги омекнат.

Прајмер
Прајмерот е одлична подлога за нанесување на било кој кармин, сјај, или молив. Преку него сите производи ќе „лизгаат“ и лесно ќе се нанесуваат. Бидејќи е добар за мат изгледот потребно е карминот да биде нанесен рамномерно, прајмерот е идеална опција за припрема на усните.

Дефинирајте ги усните со молив
Користењето на молив за усни при нанесувањето на мат руж ќе ви помогне да полесно да го нанесете карминот. Но внимавајте и тој да биде мат.

Нанесувањето на мат карминот
Кога веќе добро ќе ги припремите усните останува последниот чекор – нанесувањето на мат карминот. Немојте да нанесувате повеќе од еден слој затоа што ќе ризикувате во потполност да ги исушите усните и да добиете изглед каков што ни малку не посакувате.

 

Прегледи:
563
Објавено на:
26.09.2019