Категории

Совршениот деловен изглед на шпанската кралица

Шпанската кралица Летиција Ортиз беше уловена на улиците на Мадрид во совршена деловна комбинација створена за деловните дами со стил.

44-годишната трендсетерка избра безвременско црвено здолниште со висок струк од модната куќа Hugo Boss во комбинација со бела лепршава кошула со широки чипкани ракави. Целокупниот изглед го заокружи со прекрасни темно црвени потпетици со крокодилски принт и ташна во ист стил.

Таа повторно покажа како треба да изгледа една деловна дама и како класичните парчиња умеат да изгледаат неверојатно стилски, модерно и отмено.

Прегледи:
569
Објавено на:
06.06.2017