Категории

Спајс Грлс се враќаат: Дали ќе им се приклучи и Викторија Бекам на турнејата?

Спајс Грлс ја освоија сцената пред 23 години, а никој не можеше да претпостави дека нивното повторно појавување ќе предизвика толкаво внимание.

Кога се појави групата пред повеќе од две децении, се чинеше дека нема да се задржат на сцената долго како многу други слични поп бендови. Меѓутоа, кај Спајсиците публиката препозна нешто поинакво. Она што го издвојуваше бендот од останатите е одлучноста, верата и успехот. Не се откажале, иако честопати се среќавале со критики дека не се талентирани ниту пак добри пејачки.

„Кога ќе се појавеа сите 5 заедно, настануваше магија“, пренесуваат странските медиуми.

Спајс Грлс последен пат настапија заедно во 2012 година на Олимписките игри во Лондон. Во склоп на втората турнеја најавени се нови 13 концерти. 

Долго се шпекулираше дали ќе им се придружи и Викторија Бекам, но нејзиниот тим потврди дека сепак нема да биде дел од нивната турнеја. Во текот на кариерата Спајс Грлс остана еден од најпопуларните женски бендови со дури 85 милиони продадени албуми.