Категории

Спас од топлото време: Ставете коцки мраз на правите делови од телото

Топлото време кое не мачи последните неколку години навистина некогаш не се издржува. Температурите достигнуваат над 40-от степен, а нашето тело тешко ги поднесува.

Иако сме тогаш најчесто во климатизирани простории, на вашето тело му е потребно понекогаш и природно разладување. Тоа се деловите каде можете да го почувствувате вашиот пулс, бидејќи крвните садови се многу блиску до површината на кожата.

Затоа е најдобро да се разлади крвта и телесната температура со коцки мраз или ладна вода на овие делови:

  • Зглобови (дланки и стапала)
  • Колена и бутови (внатрешната страна)
  • Препоните
  • Подлактици
  • Врат
  • Слепоочници

Меѓутоа тие места не треба секогаш да се разладуваат. Во зависност од активностите кои ги правите, местата се различни. Доколку вежбате на топло време, разладете ги деловите на зглобовите, лактите и вратот. Ако сте во стан, тогаш треба да ги разладите стапалата, зглобовите, колената.

Извор: Попара.мк

Прегледи:
444
Ознаки:
· ·
Објавено на:
26.07.2017