Категории

Спасовден: Што не смеаат мажите, а што жените да прават на овој свет ден?

Денеска е Спасовден – Вознесение Христово.

Спасовден, или празникот на Христовото вознесување на небото е четириесеттиот ден од Воскресението. Господ во текот на 40 дена по своето воскресение им се јавуваше на учениците, зборувајќи им за царството Божјо. И откако им заповеда да не го напуштаат Ерусалим, туку да го чекаат слегувањето на Светиот Дух, тој ги изведе своите ученици во Витанија, ги благослови и се вознесе на небото. Додека учениците гледаа во облакот што го сокри Господа пред нивните очи, ангелите им објавија дека истиот Исус кој од нив се вознесе на небото пак ќе дојде на ист начин како што го видоа да се вознесува. Овој празник се нарекува Спасовден затоа што во денот на Христовото вознесение се доврши делото на спасението.

Македонската православна црква и нејзините верници утре го одбележуваат Спасовден.

Спасовден е еден од десетте празници посветени на Господ Исус Христос кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Света Тројца (Духовден) и секогаш е во четврток.

Оние кои го слават Спасовден колат јагне, а според народните верувања се верува дека мажите на овој ден не смеат да се бричат, а жените да се бањаат.

Исто така се верува дека на Спасовден не се спие преку ден за да не ја преспиете целата година.

Прегледи:
466
Објавено на:
09.06.2016