Категории

Ревија на аеродром: Модната куќа Шанел направи спектакуларно шоу

Карл Лагерфилд приредни спектакуларно шоу на своите гости за време на Париската модна недела. Својата колекција пролет/лето 2016 ја истакна од сите останати преку сценографијата во која беше сместена ревијата, употребувајќи елемнти од аеродроми, продавници и казина.
Модното шоу беше одржано во Гранд Палас – позната локација за модни и други случувања. Меѓу главните гости во првите редови се најдоа познатиот фотограф Марио Тестино, уредничката на Вог – Ана Винтур, познатиот модел и имено најблиска пријателка на дизајнерот на Шанел – Кара Делевин. Исто така присуствуваа и поранешната сопруга на Џони Деп – Ванеса Паради и нивната ќерка Лили Роуз Деп која секоја година е екслузивен гостин на шоуто.

[masterslider id=”15″]

Прегледи:
283
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
15.03.2016