Категории

СПЕКТАКУЛАРНО LIVE SHOW НА ,,ДАЈТЕ МУЗИКА” НА ОТВОРЕНО ВО СКОПЈЕ! – 27-ми мај, Стадион на АРМ

Драги наши, Задоволство ни е да ви соопштиме дека во организација на Авалон Продукција, проектот ,,Дајте музика”, за прв пат ќе биде претставен во Македонија, со големо, спектакуларно мултимедијално шоу – концерт на отворено во Скопје, на стадионот на АРМ, со почеток од 20 часот.

Проследено со светска продукција, грандиозна сцена, звук и светло и збогатено со танц, видео, како и специјални гости, катчето исполнето со џагор кое досега беше достапно само на телевизиските екрани, доаѓа на стадионот на АРМ да го приреди најголемиот мултимедијален детски и тинејџерски настан кој некогаш се реализирал на оваа територија.

Како телевизиска програма во која главни протагонисти се група талентирани актери и пејачи, за брзо време станати идоли на новата генерација, на Авалон Продукција и’ претставува императив и задоволство, ,,филингот” наречен Дајте Музика на нивната публика да им го претстави во живо, затоа што сме сигурни дека после ова, за Дајте Музика ќе се зборува и како за врвен live перформанс исто така како што досега се зборуваше за врвна телевизиска емисија.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (11-ти април) во 9 часот наутро, на продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија како и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 400 денари

ФАН ПИТ: 600 денари (само 1.000 влезници во продажба) Наш совет е – побрзајте!

На 27 – ми мај, Старо маало се сели на стадионот на АРМ! Се гледаме, Авалон продукција

Прегледи:
314
Категории:
Настани · Скопје
Објавено на:
11.04.2022