Категории

Спиењето во ладна соба е добро за вашето здравје

Оние кои претпочитаат да спијат во ладни спални соби, дефинитивно имаат огромни придобивки.

Температурите на воздухот во спалната соба може да имаат огромно влијание врз квалитетот на нашиот сон. Иако веројатно повеќето од нас не посветуваат многу внимание на температурата во спалната соба во текот на ноќта, најдобро е за добар квалитет на спиење ако термометарот покажува помеѓу 15 и 19 степени. Меѓутоа, ако температурата е повисока од 24°C или пониска од 13°C, може да доведе до немирен сон.

Зошто температурата е толку важна?

Температурата на нашето тело природно се крева и паѓа во текот на 24 часа. Највисока е доцна попладне, а најниска околу 5 часот. Спиењето обично започнува кога нашата телесна температура паѓа, па поладна спална соба може да ве поттикне да заспиете побрзо. Ако подоброто спиење не ве убеди да ја спуштите температурата во спалната соба, постојат и други причини зошто би можеби да преферирате поладна спална соба:

Ќе имате помирен сон

Некои форми на несоница се резултат на лошата регулација на телесната температура. Ако ви е тешко да заспиете во вечерните часови, ладната спална соба ќе ви помогне да ја намалите телесната температура на вашето тело, со што ќе ви олесни и ќе имате подлабоки соништа.

Ќе изгледате помлади

Спиењето во просторија со пониска температура од 21°C го стимулира лачењето на мелатонин во организмот, што е еден од најдобрите хормони против стареење на телото.

Може да ви помогне да изгубите килограми

Кога ќе падне температурата на телото, кортизолот се намалува, овозможувајќи ви да спиете подобро. Кога не спиете добро, ќе се разбудите со повисоки нивоа на кортизол, ќе посегнете по колачиња и ќе ја зголемите анксиозноста.

Ќе го намалите ризикот од развој на метаболички заболувања

Една студија открила дека спиењето во спална соба на 19°C може да помогне во спречување на некои метаболички заболувања, како што е дијабетесот. Учесниците не само што согорувале повеќе калории во текот на денот, туку скоро ја удвоиле количината на телесна масти кои му помагаат на телото да складира помалку калории. Со текот на времето, ова може да го намали ризикот од метаболички заболувања.

Затоа, облечете ги омилените пижами, отворете прозорец и уживајте во сладок сон.

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
615
Објавено на:
04.10.2019