Категории

Спиеш ли мирно Еминем ?

Ако некој мисли дека на новинарите и ТВ водителите им е лесно… верувајте дека се излажал! Особено не на оние на утринските програми кои се од отворен карактер, односно имаат отворени телефони за гледачите. Ем катаден мора во црни зори да станеш за навреме да си подготвен за на програма, ем мора мозокот мора да ти биде свеж уште со првите петли, а вилицата да ти работи 300 на саат за да можеш да им парираш на телефонските јавувања.

Освен, ако не ти се погоди некоја ваква, „верна ТВ гледачка“, која ќе ја „одработи“ работата за тебе… Како што му се погоди на колегата Александар Блажевски во неговата утринска на „Дневен ред“ на Сител. Тогаш не мораш уста да отвориш. А, и да сакаш – не ќе можеш! Можеш само да молчиш, да климаш со глава и да превртуваш очи!  Оти женава е Freestile... ко Eminem!

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
574
Објавено на:
07.04.2017