Категории

СПОРЕД ХОРОСКОПОТ ОВА СЕ ТРИТЕ ДАМИ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ

Рак

Ракот е единствено и неповторливо добро битие, лојална и приврзана, дама за пример. Таа во вашиот живот целосно ќе ги промени законите на физиката и ќе го преврти вашиот живот наопаку. Таа е во состојба од било која куќа да направи дом и да ви пружи искрена топлина во секој аспект од животот. Во креветот е истовремено нежна, силна, сензуална, нескротлива и непредвидлива. Нејзините бакнежи не може да ги купи целото злато на светот. Нејзината искрена душа бара личност која знае да сака и која ќе знае да ги разбере нејзините тивки воздишки. Совршена сопруга, грижлива и добра мајка, таа плени со својот вроден шарм кој го носи како вистинска дама, природно и спонтано. Таа е вредна и сестрана, за себе посакува маж кој ќе биде силен и одлучен, но и грижлив и одговорен.

1 2 3

Прегледи:
1607
Објавено на:
12.03.2016