Категории

Спортска елеганција во машката колекција на Michael Kors

Холандскиот модел Wouter Peelen ја претстави новата летна колекција на брендот Michael Kors која изобилува со фунционални парчиња за љубителите на спојот од лежерниот и елегантен стил. Колекцијата се состои од комбинации на одела со спортски маици и обувки, јакни, ранци и очила за сонце. Фотографот Clement Jolin го претстави моделот како визија на авантуристички патник кој во исто време сака да изгледа добро но и да се чувствува комфорно.

 

 

Прегледи:
730
Објавено на:
14.04.2017