Во најновиот lookbook брендот H&M претстави шест стилски предлози кои се одлични за претстојната сесона. Овој пат изборот се протега помеѓу класичните парчиња во контрастни комбинации со плетени здолништа и сатенски бомбер јакни. Дизајнот изобилува со заводливи геометриски кроеви. Погледнете како H&М си поигрува со елементите на спортскиот шик и зошто тој ќе биде тренд број еден оваа есен.