Категории

Спортскиот шик го освои модниот свет – Удобни модни комбинации за секој ден

За сите обожавателки на парчињата кои носат удобност и комфорт, ви споделуваме неколку модни комбинации кои дефинитивно ќе ви го привлечат вниманието.

Веќе долго време спортската облека која вообичаено ја носиме за вежбање или спорт, не припаѓа само во теретана и полека почна да го завзема местото во секојдневниот стил дури и за секојдневни прилики. Со воведувањето на карантинот се навикнавме деновите да ги поминуваме во удобни парчиња во кои ќе се чувствуваме пријатно а тоа додатно го поттикна овој тренд на урбаниот шик стил. Доколку и вие сте една од оние девојки кои не можат да се одвојат од омилените тренерки, хеланки и маички, ќе бидете воодушевени од овие секојдневни спортско-модерни стајлинзи кои можат да ви послужат како стилска инспирација.