Категории

Спознајте се себеси со помош на ѕвездите: Психолошка анализа на сите хороскопски знаци

Лав

Лавовите знаат како правилно да го искористат сиот свој потенцијал. Нивните апетити се огромни, волјата цврста, а самодовербата изразена. Тие многу добро знаат што сакаат, но и како да дојдат до тоа. Лавовите се обидуваат да ја наметнат нивната доминација во секоја сфера од животот. Се однесуваат како глумци на сцена. Дури и кога се сами си замислуваат како некој ги гледа и оценува. Ним им треба внимание, обожавање и аплауз! Плодовите од нивниот талент и креативност се безвредни, ако не се изложени пред туѓите погледи. Понекогаш претеруваат со нивната самоувереност и егоизам, па затоа не можат реално да ја проценат ситуацијата.

Лавовите им завидуваат на оние кои имаат повеќе од нив, но подготвени се да помогнат доколку има потреба. Сакаат да бидат главни иницијатори и честопати ја преземаат улогата на заштитници. Многу се великодушни во друштвото, особено со луѓето кои им се лојални и кои ги сака. Без Лавовите, светот би бил досаден.

Лавовите не се интересираат за просечни работи. Тие копнеат по слава, пофалби, титули, подароци и признанија. Сакаат луксузни работи, а благодарение на нивниот непогрешлив инстинкт, секогаш можат да ја препознаат вистинската вредност на нештата. Припадниците на овој знак се многу емотивни, гласни и арогантни. Честопати ги преувеличуваат описите и доживувањата и за нив со сигурност важи следново: Ако нема драма, тие сами ќе ја измислат!

Девица

Девиците се многу интелигентни, снаодливи и прилагодливи, а она што им недостасува е интуиција, фантазија и самодоверба. Тие учат со леснотија, имаат одлична меморија, а нивниот практичен дух сака да го примени стекнатото знаење и во пракса. Припадниците на овој знак можат да стекнат голем број вештини. Што повеќе се посветуваат на работата толку повеќе се оддалечуваат од другите. Девиците ја ценат точноста, многу се совесни и одговорни. Мразат глумење, претерување, снобови и паразити.

Тие се големи аналитичари и критичари, бидејќи се стремат кон совршенство. Толку многу се грижат за деталите што ја губат големата слика. Постојано им треба некој кој ќе ги охрабрува и поддржува, бидејќи се многу несигурни. Одбегнуваат преземање ризици, особено кога станува збор за финансии.

Девиците добро функционираат додека работите се одвиваат според планот, но штом се случи нешто непредвидено, тие веднаш почнуваат да паничат. Иако делуваат ладни и смирени, тие се многу нервозни и загрижени. Успеваат да привлечат многу луѓе благодарение на нивната мистериозност и дистанцираност, но кога другите ќе сфатат дека ладното однесување на Девицата нема да се промени, почнуваат да губат интерес.

Вага

Како што покажува и самиот симбол, овој знак се стреми кон постигнување рамнотежа. Сепак, особината што најмногу ги опишува Вагите е нивната неодлучност. Припадниците на овој знак се дружељубиви, ведри и културни. Многу им е важно да живеат во хармонично и пријатно опкружување. Големо внимание обрнуваат на надворешниот изглед. Тие веруваат дека зад убавата и негувана фасада се крие прекрасен карактер, па затоа ги подаруваат нивните срце и доверба на луѓе кои не ги заслужуваат.

Тие се обидуваат да го скријат нивното лошо расположение со помош на лажна насмевка и шминка, поради што многумина ги сметаат за дволични, но вистината е дека тие само се обидуваат да ги потиснат негативните емоции. Вагите обожаваат комплименти и подароци, а подраго им е ласкањето од искрената критика. Имаат многу познајници, но не и вистински пријатели.

Тие не сакаат да разговараат за нивниот приватен живот, особено ако доживеале некои негативни искуства. Вагите не сакаат да бидат сожалувани, туку обожавани. Мразат грубост, агресија и примитивизам. Ако се почувствуваат загрозени, не се бранат, туку бегаат обземани од паника и страв. Но, доколку имаат партнер кој ги сака и чува, тие се чувствуваат силни и сигурни.

Скорпија

Надворешноста на Скорпијата никогаш не ја открива бурната внатрешност и жесток темперамент. Припадниците на овој знак се мистериозни и воздржани, а нивното вистинско лице им го покажуваат само на блиските луѓе. Искрени се и енергични, но нивната најголема мана е склоноста кон самоуништувањето. Имаат добра смисла за црн хумор, провокативни се, цинични и саркастични. Нивниот натпреварувачки дух и издржливост им помага да ги совладуваат секојдневните предизвици и пречки на патот. Не се плашат од непознатото, но не сакаат промени. Нивните најбурни реакции се јавуваат тогаш кога нема да им оди сѐ по планот.

Скорпиите воошто не се флексибилни и наместо да се прилагодат на новите околности, упорно бараат изговори и ги обвинуваат другите луѓе за нивните неуспеси. Не ја даваат така лесно нивната доверба, а луѓето ги проценуват според интуицијата и првиот впечаток. Веруваат во нивните соништа и во моќта на потсвеста. Сакаат да ги истражуваат непознатите сфери од животот и да пробаат нешто што е забрането.

Во пријателството и љубовта се великодушни, лојални и посветини. Но, Скорпиите се и многу одмаздољубиви и нема шанси да им простат на оние кои ги повредиле. Во младоста се однесуваат како големи бунтовници и постојано им се спротивставуваат на авторитетите. Склони се кон пороци и промискуитет. Скорпиите никогаш не живеат според туѓите правила, се борат против општествените норми, малограѓанштината и предрасудите. Сакаат пари, но не се скржави. Подготвени се да дадат сѐ за луѓето кои ги сакаат и на кои им веруваат.

Следете ја среќата на инстаграм. 

Продолжува на страна: 1 2 3

1 2 3

Прегледи:
809
Објавено на:
21.04.2017