Категории

Среќата е личен избор: Инспиративни цитати за одличен почеток на денот

Потрагата по среќата не е воопшто комплицирана, но многумина мислат дека е така и никако не можат да ја пронајдат. Среќата се крие во едноставноста и следниве цитати го докажуваат токму тоа. Прочитајте ги овие инспиративни реченици кои ќе ви помогнат да го започнете денот со насмевка на лицето…

„Ако сакате да бидете среќни, направете ги и другите среќни.“ – Дада Васвани

„Ако го правите она што го сакате, тоа е слобода. Ако го сакате она што го правите, тоа е среќа.“ – Непознат автор

„Јас не постојам за да го импресионирам светот. Јас постојам за да живеам на начин што ќе ми донесе среќа.“ – Ричард Бах

„Што и да одлучите да правите, погрижете се да ве прави среќни.“– Непознат автор

„Повеќето луѓе се среќни онолку колку што ќе одлучат да бидат.“ – Абрахам Линколн

„Среќата е личен избор.“ – Непознат автор

„Секој ден правете по еден човек среќен и за 40 години ќе имате направено 14.600 луѓе среќни барем за кратко време.“ – Непознат автор

„Луѓето се поврзуваат со мене, па затоа се обидувам да правам песни што ќе извлечат насмевка од нивното лице.“ – Оли Мурс

„Сите се смеат на истиот јазик, бидејќи смеата е универзална поврзаност.“– Јаков Смирноф

„Едноставноста носи среќа.“ – Алиша Кис

„Само обидете се да бидете среќни. Тагата почнува со желбата да се биде посреќен.“ – Сем Левенсон

„Почесто правете го она што ве прави среќни.“ – Непознат автор

„Среќата најчесто е спореден производ што се добива кога го правите она што ви носи среќа.“ – Бенџамин Спок

„Среќниот човек ќе ги направи и другите луѓе среќни.“ – Ана Франк

Прегледи:
632
Објавено на:
30.07.2017