Категории

Среќата и тагата заедно ја создаваат шареноликоста на животот

Во животот секогаш ќе има деновии кога се ќе ви изгледа прекрасно, и денови за кои не сте ни сакале да осамне. За секој од нив треба да бидете благодарни.

Во животот секогаш ќе има деновии кога се ќе ви изгледа прекрасно, и денови за кои не сте ни сакале да осамне. За секој од нив треба да бидете благодарни.

Со критикување, исмејување или понижување на другите нема да побегнеме од сопствените грешки. Со нив прво треба да се соочиме. Кога еднаш ќе се помириме со нив, ќе станеме отпорни на сопствената негативност.
Секој ден одлучувај да правиш добро и покрај сета негативност.

Доброто кое го правиме може да предизвика негативни коментари. Некој ќе каже дека сме себични, дека со тоа не привлекуваме внимание, дека во тоа гледаме сокриени интереси, но и покрај тоа никогаш не треба да се откажуваме од тоа да правиме добро.

Тешко е да се промениме самите себеси а тек другите. И колку понекогаш тоа да ни смета. Ги прифаќаме онакви какви што се, ги сакаме такви какви што се.
Сите имаме свои патишта, свои потреби и желби, и секогаш ќе има такви кои ќе сакаат да ни ги затворат нашите и да не спречат да чекориме напред во остварување на нашите цели. Но само на нас останува тоа дали ќе застанеме пред препреките, проблемите и спротивставувањето или ќе се исправиме и ќе побараме спас.

Најдобрата одлука е секогаш да веруваме во сопствениот пат дека таму некаде стои нешто кое треба да го научиме и нешто кое треба да го постигнеме. Да им веруваме на убавите и лошите мигови, затоа што тие ја имаат насоката кон целта.

Прегледи:
650
Објавено на:
11.05.2020