Категории

Среќата има многу лица. Среќа или несреќа? Којзнае.

Среќа или несреќа? – Којзнае..

Единствената среќа на еден сиромашен старец бил неговиот син единец и единствениот коњ кој го имал и му ја орал нивата, па благодарение на него имале што да јадат.
Кога еден ден коњот избегал, сите во селото почнале да викаат: „Леле каква нсреќа!“
Сите освен старецот кој велел: „Среќа? Несреќа? Кој знае..“

За неколку дена, коњот се вратил и со себе донесол цело стадо диви коњи.
Сите викале: „Каква среќа!“
Сите освен старецот кој велел: „Среќа? Несреќа? Кој знае..“

Синот на старецот ја скршил ногата обидувајќи се да припитоми еден од дивите коњи и сите во селото почнале да викаат. „Ах каква несреќа!“
Единствено старецот велел: „Среќа? Несреќа? Кој знае..“

Наскоро започнала војна па единствено синот на старецот не го регрутирале во војската поради скршената нога.
Сите секако рекле: „Е каква среќа!“
Сите освен мудриот старец кој и понатаму изговарал едно исто: „Среќа? Несреќа? Кој знае..“

Прегледи:
417
Објавено на:
04.01.2022