Категории

Среќата не е никогаш надворешна, таа е начинот на кој го цениш животот

Не чекај да ти се остварат сите соништа за да бидеш среќен

Дај си на себеси дозвола да бидеш среќен сега.
Не кога ќе ослабеш, не кога ќе ја пронајдеш својата сродна душа, не кога ќе имаш повеќе пари..

Не барај возбуда во нешта од иднината, кога тие желби и посакувања ќе бидат остварени и моменталното задоволство ќе помине, ќе почнеш да создаваш нови фантазии, наместо тоа посвети го сето свое внимание на овој миг.

Среќата не е никогаш надворешна, таа е начинот на кој го цениш животот. Не е реалноста, туку начинот на кој ги согледуваш нештата.
Наместо кон исходот, насочи го твоето внимание кон себеси и кон своето растење.

Прегледи:
511
Објавено на:
16.08.2020