Категории

Среќата никогаш не се намалува со нејзиното споделување

Изреки кои длабоко ќе ве замислат

Сидарта Гаутама е без сомнение еден од најголемите мислители, филозофи и учители во историјата на човештвото, и не престанува да ги инспирира милијарди луѓе ширум светот и ден денес. Она што го зборувал е актуелно и денес, како и пред 2,500 години кога чекорел по земјата.
Буда значи „буден“ или „оној кој е буден“, и се однесува првенствено на Сидарта Гаутама, индискиот мудрец кој живеел околу 500 п.н.е. кој доживеал просветлување и ги подучувал луѓето како да го постигнат истото.

Постојат многу изреки на Буда кои останале забележани за идните поколенија и кои денес низ целиот свет се читаат со големо внимание. Еве некои од нив:

-Она што сме е резултат на она што мислиме. Умот е се. Што мислиме тоа и стануваме.

-Злоделата настануваат поради умот. Ако го промениме умот, дали можат злоделата да опстанат?

-Илјадници свеќи можат да се запалат од само една свеќа и нејзиниот живот да не се скрати. Среќата никогаш не се намалува со нејзиното споделување.

-Не живејте во минаото, не сонувајте за иднината, сконцентрирајте го вашиот ум само на сегашниот миг.

-Не е битно колку свети зборови ќе прочитате, и колку од нив ќе ги изговорите, ако не делувате според нив.

-Оној кој живеел мудро, не се плаши нити од смртта.

-Мирот доаѓа од внатре. Не барајте го надвор.

-На небото нема разлика помеѓу истокот и западот. Луѓето прават разлика во сопствениот ум и тогаш веруваат дека е тоа вистина.

-Ако можеме да го забележиме чудото на еден цвет, целиот живот ќе ни се промени.

-Нема да бидете казнети поради својот бес, ќе бидете казнети од својот бес.

-Три нешта не можат да се сокријат: сонцето, месечината и вистината.

-Кога е умот чист, среќата доаѓа како сенка и никогаш не заминува.

-Не можете да патувате се додека сами не станете пат.

-Имајте сочувство спрема сите живи суштества, богати и сиромашни подеднакво. Секој има свое страдање. Некои страдаат премногу, некои премалку.

-Целата тајна на постоењето е да се нема страв.

Прегледи:
380
Објавено на:
29.12.2019