Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ЧЕТВРТОК (01 НОЕМВРИ, 2018)

Овен

Денес енергичното ниво ви е стабилно и сте исклучително функционални, но поради желбата да завршите што е можно повеќе работа може да дојде до грешки кои после тешко ќе можете да ги поправите. На крај, ќе се свестите и ќе видите каде сте згрешиле, па поправањето ќе го оставите за утршениот ден кој е поповолен.

Бик

Не преценувајте ги можностите. Еден погрешен чекор и можете да се вратите на почеток на важни проекти и задачи. Воздржете се од прикажување на премногу емоции, бидејќи едвај некој ќе се заинтересира за вашите чувства. Може да ве игнорираат и да се почувствувате уште полошо.

Близнаци

Ве очекува еден спокоен ден. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и приватни обврски без притоа никој да ви се меша. Може да не напреднете многу, но сепак ќе постигнете внатрешен мир.

Рак

Не е пожелно да сте премногу активни и иницијативни. Денес може да се однесувате иритирачки кон луѓето од кои зависите. Намалете го темпото и бидете толерантни.

 

1 2 3

Прегледи:
995
Објавено на:
01.11.2018