Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ЧЕТВРТОК (02 АВГУСТ, 2018)

Лав

Денес ќе изгледате подобро отсекогаш, не затоа што ќе носите луксузна облека, туку затоа што вашето лице ќе сјае. Прекрасна новост ќе разбуди еуфорија во вас. Луѓето конечно ќе ја видат вашата весела страна. Дозволете им на емоциите да се слеат со вашата креативност. Резултатот ќе биде прекрасен.

Девица

Денес вежбајте ја својата способност за говорење во јавност, бидејќи ви претстои настан на кој треба да се изложите пред огромна публика. Многу е важно во ниту еден момент да не дозволите гласот да ви се растрепери. Држете ја главата високо крената.

Вага

Едноставност е зборот кој денес ќе ве опишува. Нема да користите екстра зборови или скратени патишта за да постигнете нешто. Ќе бидете јасни и директни и нема да ви пречи ако луѓето ве наречат „сурово искрени“.

Шкорпија

Тонете во детали? Денес стојте подалеку од безначајни ситници и нешта кои нема да ви донесат аплауз. Времето кое ќе го заштедите посветете го на цели и проекти кои имаат потенцијал да ве лансираат нагоре на работното место.

 

1 2 3

Прегледи:
797
Објавено на:
01.08.2018