Лав
Доколку ви биде потребна поддршка од страна воопшто нека не ве изненади нејзиниот недостаток. Ќе морате некои работи сами да ги завршите, да се ангажирате повеќе отколку што сте планирале што може кон крајот на денот да резултира со напнатост. Целата ситауција е доста ризична, внимавајте на потезите.
Девица
Оние кои се занимаваат со администрација ќе наидат на проблеми со средување на документи. Во сериозните врски ќе успеете да ги расчистите недоразбирањата кои ве измачуваа последните денови. Вашата врска е јасна, цврста и сигурна како и секоја друга врска која се базира на искреноста.
Вага
Работата оставете ја настрана и обидете се барем денеска да уживате во семејната среќа. Занимавајте се со уметност бидејќи токму во тоа поле се случуваат работи за кои вие денеска сте подготвени. Финансиите ќе ви недостасуваат, но тоа наскоро ќе се подобри.
Скорпија
Ќе бидете доста нетрпеливи, а тоа е главната причина за кавги и расправии со претпоставените или колегите на работното место. Можно е неочекувано да тргнете на некој службен пат. Во љубовта задоволни сте со себе, но не и со својот партнер.