Стрелец
Ве измачува тежината на работата која ја работите, но подобрувањето на финансиската ситуацја ќе ве смири комплетно. Размислете малку околу инвстициите и враќањето на долговите. Ова е среќен ден за вас, поминете го во друштво на вашиот партнер и уживајте.
Јарец
Некои помали промени на работното место ќе ви дадат додатна сила за постигнување на подобри резултати. Нема да се пожалите од досада. Ве очекуваат многу контакти со пријатели и членови од вашето пошироко семејство. Ако сте во врска добро ќе се разбирате со партнерот и ќе ги надминете кризите.
Водолија
Ќе пронајдете одлично решение за проблемите во семејството, ќе ги решите недоразбирањата и во вашата околина ќе завладее мир. Несвесно ќе ги одложите бизнис обврските, а тоа може да ви направи материјална штета. Посвете им се сериозно на обврските.
Риби
Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои на вас ви биле многу драги. Ви претстои добра соработка со некој Стрелец или Близнаци. Ќе се залагате за некои важни нешта, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте во иднина ќе постојат уште шанси.